Театарска претстава „Антигона и Креонт“

EN↓19.10.2016 во 20.00ч  Tеатарска претстава „Антигона и Креонт“

според Антигона на Софокле, Антигона на Жан Ануј и Креонтовата Антигона на Миро Гавран

Адаптација: Нела Витошевиќ и Ивана Нелковска

Режија: Нела Витошевиќ

Играат:

Антигона – Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ Наталија Теодосиева

Креонт – Зоран Љутков, Благој Веселинов и Стефан Вујисиќ

Сценографија – Васил Христов

Костимографија – Розе Трајчевска

Избор на музика – Нела Витошевиќ и Васил Христов

Мајстор на звук – Виктор Андоновски

Дизајн на плакат – Филип Унковски

Претставата е во продукција на Театар на Навигаторот Цветко во рамки на програмата на Кино Култура.

Партнер на проектот КИНО КУЛТУРА e oпштина Центар.

http://www.kinokultura.org.mk/

Цена на карта: 250 ден
Карти може да се набават онлајн преку продажната мрежа на купикартизасе или во продажните места на купи карти за се http://www.kupikartizase.com/Events/antigona_i_kreont_19_10

За претставата:

Античката драма како мисла и содржина претставува одраз на едно време но и антиципација на општествените процеси, теми, состојби на духот што следат по нејзиното појавување. Ги содржи најемотивните и истовремено најбруталните теми. Ги отвора и сите табуа од кога постои човекот. Ваквиот тематски дијапазон ја прави секогаш актуелна, секогаш точна и препознатлива во секое време. Човечките проблеми се вечни и исти секаде во светот, се менуваат само околностите во кои тие доаѓаат до израз.

Ваква универзалност носи античката драма Антигона на Софокле, но и оние современите, Антигона на Жан Ануј и Креонтовата Антигона на Миро Гавран. Во сите три дела главна тема е онаа на бoрбата помеѓу отпорот и власта, прикажани преку индивидуалната воља и борба за правда на младата Антигона наспроти автократското владеење на нејзиниот вујко Креонт. Ваквите антички теми отсекогаш биле и се вечна инспирација за секој автор на „новото време“. Постојат само различни толкувања на нивната вистина кои остануваат до крај нерајзаснети во секое ново време и во секој нов вредносен систем. Оттука произлезе и идејата да се направи адаптација, составена од овие три текста која ќе го истражува односот само помеѓу овие два лика. Па затоа во фокусот на оваа претстава, погледната од ова ново време, се соочуваат три различни Антигони со тројца различни Креонти, ставени под три различни околности, но со еден ист безвременски проблем – апсолутната моќ на владетелот наспроти слободата на поединецот.


EN»

according to Antigone of Sophocles, Antigone by Jean Anouilh and  Kreontova’s Antigone by Miro Gavran

Adaptation: Nela Vitosevik and Ivana Nelkovska

Director: Nela Vitosevik

Actors:

Antigone: Simona Dimkovska, Ivana Pavlakovik, Natalija Teodosieva

Creon: Zoran Ljutkov, Blagoj Veselinov i Stefan Vujisik

Scenography: Vasil Hristov

Costume design: Roze Trajcevska

Choice of music – Nela Vitosevic and Vasil Hristov
Master Sound – Viktor Andonovski
Design of the poster – Philip Unkovski

The play was produced by Theatre Navigator Cvetko within the program of Kino Kultura.
Partner of the Project Kino Kultura is Municipality of  Centar.
http://www.kinokultura.org.mk/

Price of the tickets: 250mkd

Tickets can be purchased online through the sales network of kupikartizase:

http://www.kupikartizase.com/Events/antigona_i_kreont_19_10

 

About the play:

Classical drama as a thought and content become  reflection of a time as well as anticipation of social processes, themes, states of mind that followed after her occurrence. It contains the most emotional and simultaneously the most brutal themes. It opens also taboos of the history of man. This thematic range makes this an always current, accurate and always recognizable at any time. Human problems are eternal and same everywhere in the world,  what is changeable are the circumstances in which they are expressed.

Such universality brings the ancient drama Antigone of Sophocles, but also the modern Antigone by Jean Anouilh and  Kreontova’s Antigone by Miro Gavran. In all three cases the main theme is that of the fight between resistance and power displayed by the individual’s will and the struggle for justice of the young Antigone against the autocratic rule of her uncle Creon. These ancient themes have always been and are an eternal inspiration to every author of the”new age”.

There are just different interpretations of their true remaining till the end unclear in every new time and in any new system of values. Hence, it comes out the idea to make an adaptation, cоconsist of these three texts that will only explores the relationship between these two characters. So the focus of this show looked from this new age, face three different Antigones with three different Creons, placed under three different circumstances but with the same timeless problem – the absolute power of the ruler against the freedom of the individual.