Промоција на книга: “Град без Љубов” од Александар Петров

08.05.2017// 20:00 Промоција на книга: “Град без Љубов” од Александар Петров

Апстракт од проговорот на Александра Шекутковска Докоска:

Кога ги читаме текстовите на Александар, можеме да ги визуелизираме испишани на постери, на билборди, на налепници и графити, како инсталации низ градот – тие претставуваат урбани памфлети кои го моделираат градското популарно и адресираат поши- рока публика, не само онаа во рамките на професија-та урбанизам и архитектура. Всушност, тој едукативен манифест се чини повеќе од потребен и e една од при-чините за сегашната контекстуална состојба на градот. Започнувајќи од Скопје кон Европа и кон поширокиот светски контекст, тој нѐ повикува да размислуваме за распределбата на различни феномени преку аспектите на социјалното, економското и политичкото создавање на трите просторни постулати: контекст, концепт и контент-содржина. Фрагментираната анатомија и експлодираниот корпус на градот Скопје каде архитектонските концепти на модерната се само „случајни“, Александар неонски ни ги назначува, како да повикува на повторно размислување за просторната автентичност, реципрочноста помеѓу општественото обликување на просторот и моделирањето на граѓанските однесувања и нагласување на нечесноста на процесите на градење град. Тој нѐ води низ каталог од слатко-горки наративи на доживувања размислувања, чувства кон градот, кои се резултат на неконсеквентни процеси, на урбани феномени, на невидливо вредни просторни концепти кои се изгубено-најдени во обидите да се втемелат поинакви општествени ориентации.

Александар Петров е архитект кој дипломирал на универзитетот во Ферара (Италија), во класата на Џовани Корбелини. Како стипендист на регионот Емилиа Ромања стручно се усовршува во Загреб, под водство на професорот Хрвоје Њириќ. Од 2006 година работи во различни архитектонски студија помеѓу Џенова и Милано. По краткиот престој во Мелбурн се насочува кон проектирање инфраструктури, а од 2013 постојано е ангажиран на проектот за проширување на Аеродромот „Марко Поло“ во Венеција. Има изведено и различни објекти низ Скопје и Милано.

За книгата ќе зборуваат Невена Георгиева, Дејан Ивановски и Даниела Симоновска.

Untitled