Вклучи се #СоСрцеЗаСекојаЕдна

EN↓ 25.11.2017 @19:30

Во рамките на глобалната кампања иницирана од ОН „16 дена активизам против родовото базирано семејно насилство“, Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје организира модна ревија која нема да биде нималку иста/слична на „вообичаените“ модни ревии.

Наспроти објектификација на жената само како објект, модната ревија „Вклучи се #СоСрцеЗаСекојаЕдна“ има за цел да прати пораки за инклузивност, родова еднаквост и искоренување на семејното насилство.
Креациите на ALSHAR by Silvija Mihajlovska ќе ги дефилираат жени-хероини од нашето секојдневие а пораките ќе бидат јасни и гласни!

Настанот ќе се одржи оваа сабота (25.11) од 19:30 до 21:00ч во Кино Култура (поради потребата од регистрација на гостите, пожелно е да пристигнете почнувајќи од 19:00ч).

Влезот е бесплатен но поради лимитираниот број на седишта, потребна е претходна регистрација преку Inbox на нашата ФБ страница или преку електронска порака на contact@fes.org.mk (штом се исполни максималниот број на гости, хартиените покани ќе бидат доставени до сите што навремено се пријавиле).

Ќе имате можност и да ѝ помогнете на првата социјална компанија ONE MADE, One can social business преку купување на високо квалитетна, органска и јадлива козметика со нивните уникатни формули со ладно цедени масла, мацерати од диви билки, меки восоци и сурови путери, житарки и овошки, во форма на козметички препарати за луксузна хигиена и нега на кожа.

Исто така, дел од сретствата на ONE MADE, One can social business, одат директно во единствената активна, grass root организација за еднородителски семејства Edna Moze!преку што придонесувате за зголемување на вработливоста на самохраните мајки во земјава.

Ве очекуваме! Да застанеме заедно против насилството врз жените и девојчињата!


EN» 25.11.2017@ 19:00

Within the framework of the global campaign initiated by the UN “16 Days of Activism against Gender Based Domestic Violence”, the Friedrich Ebert-Office Skopje Foundation organizes a fashion show that will not be the same / similar to the “usual” fashion shows.

Contrary to the objectification of the woman as an object, the fashion show #СоСрцеЗаСекојаЕдна“  intended to send messages of inclusiveness, gender equality and the eradication of domestic violence.
The creations of ALSHAR by Silvija Mihajlovska will defile the women-heroines of our everyday life and the messages will be clear and loud!

The event will be held this Saturday (25.11) from 19:30 to 21:00 in Kino Kultura(due to guests registrations please arrive at 19:00)

The entrance is free, but due to the limited number of seats, prior registration is required through Inbox on our FB site or via an e-mail to contact@fes.org.mk (as soon as the maximum number of guests is fulfilled, the paper invitations will be delivered to all who timely have applied).

You will have the opportunity to help the first social company ONE MADE, One can social business,  by purchasing high quality, organic and edible cosmetics with their unique formulas with cold pressed oils, macerates of wild herbs, soft waxes and raw butter, cereals and fruit, in the form of cosmetic preparations for luxurious hygiene and skin care.

Also, part of the funds of ONE MADE, One can social business,  go directly to the only active, grass root organization for single-parent families Edna Moze! through which you contribute to increasing the employability of single mothers in the country.

Let’s stand together against violence against women and girls!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*