Промоција на „Воздигање над облаци“ на проф. д-р Ѓорѓи Филипов

@21.02.2019 @12:00

Почитувани пријатели,

Ве покануваме на промоцијата на книгата „Воздигање над облаци“ на проф. д-р Ѓорѓи Филипов, која ќе се одржи во Кино Култура на 21.февруари, со почеток во 12.00 часот.
Промотор на книгата ќе биде писателот Милован Стефановски, поранешен претседател на Друштвото на писатели на Македонија.
Во предговорот на оваа книга, Стефановски вели „…неговото авторско писмо едноставно дише со неодминливата потреба за постојана устременост кон возвишени цели.“
Инаку, книгата претставува збир на вкупно 163 засебни текстови објавувани во периодот меѓу 2017 и 2019 година, овој пат собрани со заеднички поднаслов како есеи, цртици и патописи.