Светот на Мали и Возрасни Генијалци (втора генерација)

EN↓ 27.06.2019 @18.00-20.00

EQ EXCELLENCE ве поканува на завршен настан на програмот за развој на таленти и емоционална интелигенција: “МАЛИ И ВОЗРАСНИ ГЕНИЈАЛЦИ”, генерација 2018-2019

27ми јуни I 18.00-20.00 I Кино Култура I info@eq.mk I 078202616 I Скопје, Р. Македонија

Вашето присуство треба да го најавите на мејл и телефон.

“Да не дозволиме стравот од губење да биде поголем од возбудата при победување. Да го извадиме победникот од нас, затоа што одличноста ја имаме во себе.”

Почитувани,

Со особена чест и задоволство на 27ми јуни од 18.00-20.00 во Кино Култура ве покануваме на завршниот настан од програмот за развој на емоционална интелигенција и таленти: “Мали и Возрасни генијалци”, генерација 2018-2019.

Настанот е од едукативен и забавен карактер. Ќе влезите во еден посебен свет на талентирани деца и со временска машина ќе патувате низ нивните секојдневни доживувања, емоции и размислувања. Ќе видите и чуете нивни “ТЕГ” говори, танцови и драми, ќе се регистрирате на нивни IT програми, ќе чуете музички перформанси, ќе ги допрете нивните изложени макети, илустрации и фотографии. Децата ќе споделат дел од себе за нивните први поголеми успеси но и разочарувања, нивните резултати од учество на домашни и меѓународни олимпијади. Со нивните презентации ќе ги изоштриме вашите сетила и ќе побудиме емоции со кои ќе ве инспирираме да направите нешто повеќе…

Нашата повисока цел е да ве инспирираме да не поддржите во иницијативата да има развој на емоционалната интелигенција за секое дете во Република Македонија, и формирање на школо за талентирани деца со развој на нивна Емоционална Интелигенција.

На крај на настанот ќе имаме презентација на нивните креативни дела. Секое дело има своја приказна. Тоа се макети кои децата ги изработија со сопстени раце додека љубопитно учеа за емоционална интелигенија, 12те вештини и љубопитно истражуваа заедно со нивните родители и роднини.

Агенда на настанот:

18.00-18.15
Свечено отворање на настанот и поздравен говор на Првата Дама на Република Македонија, г-ѓа Елизабета Георгиевска

Поздравен говор на Проф. Наталија Поповска, Доктор по историски науки

Поздрав од Џошуа Фридман, директор на Six Seconds – интернационална организација за развој на социо-емоционална интелигенција (Видео порака)

Поздравен говор од Нела Јолеска, директoр на EQ Excellence и програмот “Мали и Возрасни генијалци”

18.15- 18.30 Прв дел. Себе спознавање

РАЃАЊЕТО Е НАЈГОЛЕМА КРЕАЦИЈА….Постанок на Универзумот. Патуваме низ времето со временска машина. Дејствието се одвива на Планетата Земја. “Како праисторискиот човек ја применувал емоционалната интелигенција за да опстане и Еволуира низ вековите до денес” (драма со музички перформанс)

Чарлс Дарвин и теоријата за создавањето на Човекот. “ТЕГ” говор на Ина Георгиева.

18.30-18.45 Втор дел. Донесување на одлуки

ПОМЕЃУ ЖИВОТОТ И СМРТТА… Завршува Втора Светска војна. Во тишината и низ сенките на длабоката шума, тешко се движат нозете на татко и дете на кај манастирот. Ова е вистинска приказна за пожртвуваноста и ранливоста. Колкава е цената на одлуките кои човек е спремен да ги плати за постигнување на краткорочни и долгорочни цели. (драма со музички перформанс)

Мила Пеовска, талентирана соло пејачка- You Raise Me Up

18.45-19.05 Трет дел. Стратегии

УМЕТНОСТ НА ВОЈУВАЊЕТО… Господари и слуги. Правила и Одговорности. Задоволства и Казни. Минуваат векови а некои работи остануваат исти. На почеток доаѓаат заедно. Прогрес е кога се поддржуваат заедно. Успех е кога соработуваат заедно.

Леонардо Да Винчи. “ТЕГ” говор на Миа Куновска
Перформанс Танц. Талентирани млади танчери

19.05-19.20 Четврт дел. Генијалност
МАЈСТОРСТВО И СЛОБОДА… Колку далеку стигнал човекот? Патуваме низ времето и запираме во 3069 година. Како изгледа светот околу нас? Кои вештини се најважни во иднината? Модерниот материјализам ги лишува луѓето од потребата за одговорност. Понекогаш тоа го правела религијата. Но ако ја земите во предвид Квантната физика, таа ја става одговорноста во ваши прегратки.

Алберт Ајнштајн. “ТЕГ” говор на Александар Стевановиќ
Боби Фишер и Џудит. “ТЕГ” говор на Моника Жежоска
Карл Гаус. “ТЕГ” говор на Блаже Суклески
Никола Тесла. “ТЕГ” говор на Миа Куновска
Елон Маск. “ТЕГ” говор на Влатко Стојкоски

19.20-19.30 Петти дел. Доделување на дипломи и благодарници.

Мила Пеовска, талентирана соло пејачка- Химна на Република Македонија
Лука Јанев-талентиран кошаркар: Топката е во наши раце!

19.30-20.00 ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИЛУСТРАЦИИ И МАКЕТИ


EN↓ 27.06.2019 @18.00-20.00

EQ EXCELLENCE invite you to be part of the final presentation of the program for development of the talents and emotional intelligence titled : “МАЛИ И ВОЗРАСНИ ГЕНИЈАЛЦИ”, generation 2018-2019

More info about the program and the event:

https://www.facebook.com/events/851717445201550/