МАЈСТОРСКИ РАБОТИЛНИЦИ ПО АКТЕРСКА ИГРА И ТЕАТАРСКА РЕЖИЈА

МАЈСТОРСКИ РАБОТИЛНИЦИ ПО АКТЕРСКА ИГРА И ТЕАТАРСКА РЕЖИЈА

Театар Навигатор Цветко, Кино Култура

КРЕАТИВЕН ПРОЦЕС, под водство на Томи Јанежиќ

Работилницата се базира на психодрамата како платформа за истражување на актерскиот креативен процес и принципите на актерството кои пак, се основа на различни актерски техники.

Психодрамата е светски признаена, групна психотераписка метода, развиена од Јакоб Леви Морено, базирана на теоријата на улоги. Го користи сценскиот израз како алатка, при што психодрамските техники можат да се применат и во креaтивен контекст.

Учесниците на оваа работилница ќе ги истражуваат личните и кретивни потреби, потешкотии и предизвици на сопствените креативни процеси, а исто така ќе ја применат психодрамата за активно-креативна анализа на животот на зададен драмски лик.

Пријавување со име и презиме на kinokultura2015@gmail.com

Бројот на учесници е ограничен на 25 луѓе.

Проектот е наменет за дипломирани актери, студенти, режисери и драматурзи, за професионално доусовршување.

ПРВ ДЕН: 11-ти септември, од 17.00 до 21.00 ч

ВТОР ДЕН: 12-ти септември, од 11.00 до 14.00, пауза од 14.00 до 15.30, од 15.30 до 18.30