Завршна приредба “Auf dem Weihnachtsmarkt” на Германскиот јазичен центар

27.12.2019 @ 18:00

Драги пријатели на германскиот јазик и култура,
Ве покануваме на нашата завршна приредба “Auf dem Weihnachtsmarkt” во петок, 27.12.2019 во 18:00 часот во Кино Култура!🎅🎄

Ви подготвивме интересна програма за која се подготвувавме цело полугодие, со најубавите песнички за Божиќ и Новата година! Исто така ќе имаме и божиќен пазар на кој нашите најмили ќе ни раскажуваат за традиционалните германски пијалоци, храна, подароци, божиќни изработки и божиќни колачиња!

Ние, како прв специјализиран центар за изучување на германскиот јазик, традиционално секоја година ја организираме оваа завршна приредба со желби следната учебна година да ни биде уште поуспешна.

Вашето присуство навистина ќе нѐ радува, а влезот е бесплатен! Ве очекуваме 🙂