Креативна работилница за деца „Добредојдовте во Страшкоград”

26.01.2020@19:00

Креативна работилница за деца „Добредојдовте во Страшкоград” сo Билјана Црвенковска и Нита Муча.
Недела, 26 јануари, 19:00, Кино Култура, како дел од фестивалот ArtArea3

Креативна работилница за деца – креативно пишување, цртање, колаж и пластелин – „Добредојдовте во Страшкоград”
– Читање на извадоци од книгата „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград” и запознавање со ликовите
– Креирање на ликови – стари и нови жители на Страшкоград, креирање на Страшкоград од детската фантазија или пишување нови приказни од Страшкоград
– Го направивме Страшкоград – спојување на сите креации во една изложба и заедничко правење еден вид „макета” на градот

Сите трудови ќе бидат изложени во Кино Култура и ќе се направи заедничка макета, а сите деца-учесници на некој начин ќе влезат во второто продолжение на приказната за Sвезда Мрак. 🙂

Работилницата е бесплатна и е наменета за деца над 5 години. Бројот на учесници е ограничен, со задолжително пријавување на: biljana.crvenkovska@gmail.com.

Повеќе за фестивалот ArtArea3: https://www.facebook.com/events/158271825462081/
Повеќе за книгата: https://chudnashuma.wordpress.com/2019/11/21/zvezdamrak/