Две детски претстави во Кино Култура

26.01.2020 @ 20:30

Погледнете ги двете детски претстави во Кино Култура во  часот на Наш мал театар (Театар на сенки) со Нина Максимова и Благојчо Стојанов:

„Заробената љубов“
„Марко патува околу светот“

Наш Мал Театар е проект е идеја на двајцата дипломирани актери на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје во класата на проф. Зоја Бузалковска) чија фасцинација од мистиката на театарот на сенки започнала уште во текот на студиите на ФДУ, кога се запознале со еден од најстарите и најмистични форми на театар – Tурскиот театар на сенки – Караѓос. Понесени од идејата да создаваат театарска магија позади белиот чаршаф, Нина и Благојчо создаваат свој свет… Тие експериментираат со изразот, конкретизирајќи го својот стил и создаваат поинакви приказни со голема љубов и креативност. Наш Мал Театар ве води на мало патување кон свет кој наликува на оној од соништата – каде што времето и просторот се измислени и минливи, каде се е можно и каде што се што може да се измисли – може и да постои. Затоа се надеваме дека децата (или возрасните – сонувачи и деца по дух) ќе уживаат во нивните претстави полни со неограничена фантазија и имагинација.